Кучињата (науч. Canidae) — семејство на кучевидни ѕверови. Во семејството припаѓаат лисиците, разни видови познати под иметошакал, којоти, волци, но и домашните кучиња. Денес се распространети на сите континенти, но првично ги немало воАвстралија, Нов Зеланд, Нова Гвинеја, Мадагаскар и Антарктик. Меѓутоа, денес тие се речиси насекаде припитомени со помош на човекот.
Кучињата се развиле во олигоценот на подрачјето на Северна Америка од животно кое било со големина на лисица и потсетувало на неа, но сè уште можело да ги вовлекува своите канџи.
Содржина
Физички опис[уреди | уреди извор]
Градбата на телото на кучињата на прв поглед не се разликува многу од тоа на мачките. Сите кучиња се со помал раст од оној на големите мачки. Телото им е витко, додека главата е мала, а издадената нуска е затапена. Трупот им е задлабен во пределот на слабините, а нозете се високи со мали шепи. На задните нозе кучињата поседуваат по четири целосно развиени прсти како и четири (кај родот Lycaon), односно пет (кај родовите Canis, Cyon, Icticyon, Otocyon) прсти на предните шепи. Силните канџи не се вовлекуваат во шепата, па затоа се тапи. Опашката не е долга, а често е обрасната со гривести влакна.
Имаат 42 заба, при што секогаш по четири предкатници од двете страни на горната и на долната вилица. Според тоа, забната формула е следна:
3.1.4.2 |
3.1.4.3 |
Формулата на првите "млечни" заби е: 3 1 3. Кога се млади, членовите на ова семејство немаат катници, додека како возрасни имаат по два на горната и три на долната вилица од секоја страна.[2]
Поседуваат крупни очи, а ушите им се зашилени и поголеми од мачкините. Женките имаат бројни млечни жлезди на градите и стомакот. Поплодни се од мачките и најчесто имаат четири до девет младенчиња, иако се познати и случаи со 18 и 23 младенчиња при едно парење.
Филогенетска поврзаност[уреди | уреди извор]
Кај кучињата (Canidae), резултатите на алозимските и хромозомските анализи сугерираат повеќе филогенетички поделби:
- Волци (Canis, Cuon и Lycaon) вклучително кучето (Canis lupus familiaris),сивиот волк (Canis lupus), црвениот волк (Canis rufus), источниот волк (Canis lycaon), којотот (Canis latrans), златниот шакал (Canis aureus), етиопскиот волк (Canis simensis), црногрбестиот шакал (Canis mesomelas), пругастиот шакал (Canis adustus), азискиот див пес (Cuon alpinus), и африканското диво куче (Lycaon pictus).[3]
- Лисици (Vulpes), каде се вклучени џуџестата лисица (Vulpes velox),црвената лисица (Vulpes vulpes), капската лисица (Vulpes chama), поларната лисица (Vulpes lagopus), и пустинската лисица (Vulpes zerda).
- Јужноамерикански кучиња, грмушарското куче (Speothos venaticus), бразилската сребрена лисица (Lycalopex uetulus), ракојадната лисица (Cerdocyon thous) и гривестиот волк.
- Разни монотипни видови, вклучително долгоушестата лисица (Otocyon megalotis), сивата лисица (Urocyon cinereoargenteus), и ракунскиот пес (Nyctereutes procyonoides).[3]
ДНК анализите покажуваат дека првите три форми формираат монофилетички клади. Волците и јужноамериканските кучиња заедно го формираат племето Canini.[4] Молекуларните податоци укажуваат на североамериканското потекло на Canidae пред околу десет милиони години и африканско потекло на волците (Canis, Cuon и Lycaon), каде шакалите се најосновни во групата. Сивата лисица и исландската лисицата се основа за другите клади; меѓутоа, оваа типолошка разлика не е силно поддржана.[5]
No comments:
Post a Comment